1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По ова ќе го паметиме седмиот собраниски состав

15 април 2011

Седмиот состав на собранието денеска (14.04.) се самораспушта, по иницијатива на пратениците на владеjaчкото мнозинство. Најголемата опозициска партија СДСМ, не се појави ниту на последната седница.

https://p.dw.com/p/10tWe
Фотографија: Petr Stojanovski

Овој парламентарен состав ќе остане забележан по бојкотите на СДСМ и ДПА. Тачи и неговите сопартијци речиси цел мандат беа надвор од законодавниот дом, а СДСМ го завршува својот активитет со апстиненција и покрај повиците од Брисел опозицијата да не го практикува тој модел на политичка борба.

Во изминатиот период меѓу другото дојде и до физичка пресметка меѓу пратеници од СДСМ и обебзедувањето, многубројни интерпалации за владата, со многу полемики до степен на службени или приватни дискредитации, во кој за првпат е донесен и Закон за парламент.

„Имаме обврска да обезбедиме одржливост на развојот, евроатланската агенда, а поради некои неодговорни политичари и немоќта на Парламентот, треба да го вратиме мандатот на нова проверка пред електоратот“, кажа спикерот Вељаноски, кој бојкототите на парламентарните партии ги оцени како минирање на институциите.

Денешната седница беше последна во тригодишниот мандат на Вељаноски, пред јунските предвремени парламентарни избори. Одлуката за нивно распишување ќе ја потпише уште до крајот на денот, изборите ќе се одржат на 5. јуни, а од 15. мај ќе започне изборната кампања, кој де факто веќе естоко се води во медиумите.

Албанците се надеваат на поголеми права во следниот легислативен период

Parlamentsgebäude in Mazedonien
Бојкотите му дадоа белег на седмиот парламентарен составФотографија: aptn

„Дојде крај на дискриминирачката политика кон Албанците, нивната вазалност кон македонските националисти. ДУИ водеше таква политика, во владејачката коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Преку монтирани судски случаи и малтретирање на учениците-Албанци тие се заплашуваа, општествено се маргинализирираа, не се оствари општа официјализација на алабанскиот јазик“, изјави Имер Алиу од ДПА, пратеничка група која на самиот крај од мандатот се врати во закондованиот дом. Алиу потенцира дека за првпат ќе се организираат избори со закони донесени без партиски конзенсус.

„Овој период беше тежок, зашто моравме да ги исправаме грешките од вашето владеење, од тандемот Груевски - Тачи“, реплицираше Елмира Мехмети од ДУИ.

Нови закони до самиот крај на мандатот

Mazedonien Wahlen 2009
Подготовките за избори веќе течат на големоФотографија: PETR STOJANOVSKI

Пред да се гласа за распуштање на законодавниот дом, пратениците до последен момент се бомардирани со стотина законски измени и проекти, во последен миг е изменет Уставот, а денеска, по итно свикување на Републичкиот судски совет, се избра деветтиот член на Уставниот суд, Владимир Стојановски, на место на разрешениот Трендафил Ивановски, единствениот функционер од екс-комуниситичките времиња, кој беше лустриран поради соработка со тајната полиција.

“Зошто толкаво брзање за комплетно инсталирање на вмровската власт, изборот на уставен судија да им го препуштиме на идните парлементарци“, предупреди единствениот опозиционер Андреј Жерновски од ЛДП. Му се спортивстави Алексдандар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ: „Овој Уставен суд носеше одлуки под диктат на СДСМ, а во 2006 година се обиде, со оспорување на законот за знамињата, да ја вовлече земјата во нов меѓуетнички конфликт“, полемизираше и бранеше Николовски.

Владата денеска ненадејно предлага до Собранието да донесе законски измени и да ги намали акцизиите за бинзините и дизел горивата, иако предходно за слична висина ги зголеми нивните цени на речиси европско ниво.


Автор: Александар Чомовски

Редактор: Трајче Тосев

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема