1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По пат со автомобилот на соседот!

1 март 2012

Пет студенти од Ахен преку интернет платформата tamyca.de нудат заедничко користење на автомобилите. Покрај заштедата на пари, љубителите можат да пронајдат и егзотични примероци.

https://p.dw.com/p/14CX3
Фотографија: picture-alliance / dpa

Цената на бензинот експлодира и осигурувањата стануваат се’ поскапи. Статистички погледнато секој автомобил секојдневно стои паркиран 23 часа - доволна причина за да се формираат заедници за превоз или да постојат заеднички автомобили, т.н. каршеринг.

Јерг Малцан тестираше нов модел на приватен каршеринг. На интернет платформата tamyca.de корисниците имаат можност наведувајќи го својот поштенски број да најдат автомобили во соседството.

Михаел Минис имено забележал дека во неговата околина стојат многу неискористени автомобили. „Сметавме дека е многу подобро, ако еден од четирите милиони приватни возила, кои стојат во соседството да се искористи поволно и ефикасно“, вели Минис раководител на tamyca.de.

Nächtliche Autobahn bei Frankfurt
Фотографија: picture-alliance/dpa

Предизвикот за  tamyca.de: Секојдневните автомобили да може да се користат по поволни цени, а ако подобро се погледне, ќе се најде по некој егзотичен примерок.

„Овој посебен мерцедес го изнајмив од Петер за 42,50 евра дневно. Сензационално, модел од 1971 година. Со него може да отидете на средба за олдтајмер автомобили, да превезувате гости на свадба, што може повеќе да се посака?“

На страницата во меѓувреме се регистрирани повеќе од 2.500 автомобили и тоа не само во центрите каде има голема концентрација на луѓе.

Не секој е подготвен да го изнајми својот автомобил

Се распрашавме кој би бил подготвен да го изнајми својот автмобил. „Да се разбира. Јас секако сметам дека автомобилите треба да ги користат повеќе луѓе“.

„Со тоа не би имал проблем. Мислам доколку се работи за нов автомобил, тогаш мислам дека би имал поголем проблем“.

Manieren in der deutschen Arbeitswelt Flash-Galerie Parkende Autos
Фотографија: Fotolia/Tom Bayer

„Автомобилот е скап и за него се плаќа многу пари и од оваа причина нерадо би сакала да го издавам“.

„Јас не им го позајмувам ниту на пријателите, мислам дека би имал страв, ако автомобилот со некој непознат е на пат, и дали ќе го добијам во иста состојба“.

Јерг Малцан има закажано средба со Керстин Рихарц. Таа го издава нејзиниот автомобил Нисан Микра преку tamyca.de. Накратко заедно го пополнуваат протоколот за изнајмување, се плаќа во готово и за тоа се добива сообраќајната дозвола и клучот од автомобилот.

„На овој начин веќе запознав многу љубезни луѓе и сите автомобилот го вратија како што го добиле. Исто така процесот на изнајмување не е комплициран. А да се заработи по малку пари од страна исто така не е лошо“.

Но, покрај позитивнтие страни...

„Не е предност тоа што делумно долго се чека сопственикот да потврди. Тоа треба да се подобри, но не е ни чудо, порталот е релативно нов. Сигурен сум дека ќе стане подобро“, вели Јерг Малцан.

Па тогаш, добар пат!

Автор: Герхард Зонлајтер/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска