1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По риба со кондом

БГ
18 ноември 2016

Кубанските рибари најдоа оригинален начин како да го спречат тонењето на јадиците, „вечната“ рибарска мака.

https://p.dw.com/p/2SqPu
Kuba USA Ernest Hemmingway Film Papa wird in Havanna gedreht Bucht
Фотографија: picture-alliance/AP Photo

Нема ништо невообичаено во сцената на која кубанските рибари фрлаат јадици во водите околу брегот на Хавана. Освен едно нешто: сѐ повеќе од нив користат кондоми како пловки за да го спречат тонењето на мамките на морското дно. 

По риба со кондом


За рибарите на Куба, како и за многу други жители на комунистичкиот остров каде немаштијата и недостатокот на основни продукти водат кон креативни решенија, ова е решение за проблемот со јадиците кои тонат.

Благодарение на „кондом рибарството“ многу локални жители сега со леснотија успеваат да уловат по некоја Дорада или Црвеноперка и да си ја збогатат вечерата или да ги продадат во локалните ресторани.