1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По сирискиот премиер и други функционери планираат бегство

Александар Методијев/афп/ројтерс/миа6 август 2012

Сирискиот премир Ријад Хиџаб објави дека им се приклучува на бунтовниците, откако ја мина границата во Јордан во текот на ноќта. Ова е пребегување на највисоко позициониран сириски функционер во 17-месечните немири.

https://p.dw.com/p/15khk
Фотографија: Reuters

Тој го обвини својот поранешен господар за спроведување геноцид против својот сопствен народ и нагласи оти пропаѓаат четирите децении од владеењето на фамилијата Асад.

„Го објавувам моето пребегување денеска од режимот на убиства и терор и се приклучувам во редовите на револтот“, порача Хаџаб во изјава прочитана од неговиот портпарол Мохамед ал-Отри.

„Сирија минува низ најтешки воени злосторства, геноцид и варварски убивања и масакри против невооружени цивили“, стои во писмената изјава.

Портпаролот рече дека на пребегувањето на премиерот се работело подолго време, а бунтовниците во земјата помогнале да се осигура таквата операција. Портпаролот дообјасни дека со овој чин сирискиот премиер сакал да му покаже на светот дека многумина во земјата се принудени да бидат со режимот. „Мечот беше на нашите вратови“, рече портпаролот на пребеганиот сириски премиер, додавајќи дека доколку Хиџаб не ја прифател премиерската функција, ќе се доведел во смртна опасност.

Syrien Regierungschef Riad Hidschab
Подолго време се работело на бегството на премиерот Ријад ХиџабФотографија: Reuters

Сириската опозиција во Јордан информираше дека премиерот во текот на ноќта заедно со двајца министри и тројца воени офицери се провлекол на границата. Опозицијата јавува и дека дополнителен број на сириски офицери пребегале минатата ноќ на јорданска територија. Се информира дека 15 други сириски дипломати и политичари веќе планираат да пребегаат од земјата.

Според медиумите, тајната операција за префрлување на премиерот, неговото семејство и неговото опкружување во странство била извршена од припадници на специјалниот оддел на бунтовничката Слободна сириска армија. Хиџаб е еден од највисоките службеници, кои бегаат од политичкиот и воен круг на претседателот Башар ал-Асад.

Сирискиот претседател го назначи 46-годишниот Хиџаб, поранешен министер за земјоделство, за премиер во јуни, по парламентарните избори во мај. Властите објавија дека изборите се чекор кон политички реформи, но противниците на режимот ги отфрлија. На премиерското место е назначен Омар Галауанџи, кој беше вицепремиер. Тој ќе ја предводи преодната влада, соопшти сириската телевизија.