1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По шест месеци роковник за европскиот устав

Тони Гламчевски17 јануари 2007

Говор на германската канцеларка Ангела Меркел пред Европскиот парламент во Стразбур;сеуште не се знае кога ќе биде утврден датум за преговори на Македoнија за членство во ЕУ

https://p.dw.com/p/Ac03
Фотографија: AP

Настапот на германската канцеларка Ангела Меркел беше со внимание очекуван,бидејќи од Германија и германското претседателство се очекува многу во наредните шест месеци.Меркел најпрво ја поздрави нејзиниот сопартиец,новиот претседател на Европскиот парламент,Ханс Герд Петеринг,како жена симбол на европското обединување и самата Меркел во нејзиното излагање нагласи дека до нејзината 35 годишна возраст таа ја живееше Европа однадвор.

Во врска со приоритетите,Меркел најпрво стави акцент на толеранцијата и разноликоста без кои не може да опстојува и напредува сегашна Европа.Меркел особено инсистираше и на потребата од донесување на европскиот устав заради нормално функционирање на ЕУ,притоа таа рече:

-Се залагам на крајот на германското претседателство со Унијата да биде донесен план за натамошното постапување со европскиот устав.

Меркел инсистираше дека до европските избори закажани за 2009 година треба да биде донесен европскиот устав,во спротивно,тоа ќе биде голем историски неуспех.Во делот на надворешната политика,таа на прво место при приоритетите ја стави Југоисточна Европа,посебно Балканот.За Балканот според Меркел е потребно да се постигне стабилност,а за да биде постигната таа,треба да му се даде јасна европска перспектива,но и да се појасни статусот на Косово.

Што се однесува на прашањето со Македонија,и датумот за почеток на преговори за членство во ЕУ,на прашање на Дојче Веле германската канцеларка одговори:

-Не верувам дека можеме да кажеме дефинитивно датум за Макеоднија,тоа зависи и од напорите на Макеоднија.Потребно е секоја земја да ги задоволи критериумите и условите.Јасно е дека Словенија,која ќе претседава со ЕУ во 2008 година ќе биде адвокат кој ќе се залага за Македонија.Ние не можеме да кажеме кога ќе биде датумот,изјави германската канцеларка Ангела Меркел.Претходно премиерот на Словенија Јанез Јанша нагласи дека Македонија може да очекува да добие датум за преговори за време на претседателствувањето на Република Словенија во првата половина на 2008 година:

-На Македонија,на која и беше доделен статус кандидат но не и датум за почеток на преговори,ние ќе се обидеме да и биде доделен датум најдоцна за време на словенечкото претседателство со Унијата.

Како и Меркел,и Јанша инсистиораше на исполнување на критериумите за членство во ЕУ.