1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

„Празните столчиња“ наскоро повторно полни

СН/дв
6 мај 2020

Германските угостители во неколку наврати протестираа со акцијата „празни столчиња“, во 80 градови ширум земјата, за да го свртат вниманието на големите проблеми со кои се соочуваат во корона-кризата.

https://p.dw.com/p/3bl3L

Изгледа дека протестот успеа, со оглед на најавите дека денеска, порано од планираното, на средбата меѓу канцеларката Ангела Меркел и премиерите на 16-те германски покраини ќе биде одлучено за постепено отворање на угостителските објекти во периодот меѓу 9 и 22 мај. Рестораните, кафулињата, пивските градини и другите угостителски објекти во Германија се затворени повеќе недели. Дозволено беше само нарачување на храна за земање или доставување.