1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прашалник: Ане Зауер

5 јули 2010
https://p.dw.com/p/O7ZU
Фотографија: DW

Име: Ане Зауер

Возраст: 18 години

Родно место: Милтенберг

Брачна состојба: немажена Деца: нема

Занимање: Ученичка во Средното економско училиште во Таубербишхофсхајм

Образование / обука: Завршена десетолетка во 2007 година, во училиштето Рименшајд во Таубербишхофсхајм, матура во 2010 година.

Како го почнувам денот? Со богат појадок, притоа удобно читајќи весник.

Типично германски, според мене, е... перфекционизам.

Типично за мене е... што сум секогаш подготвена да запознаам нови луѓе.

Мојата најдобра особина е... амбициозноста.

Мојата најголема слабост е... Нетрпеливоста.

Во слободното време најмногу сакам... да играм фудбал.

Мое омилено јадење е... потпечени тестенини со шунка.

Која музика ја слушам? Секаква

Би сакала да имам повеќе време за... средби со моите пријатели и за да се наспијам.

Кога мислам на иднината... сум оптимист што се однесува до исполнување на моите соништа, како во спортот така и на професионален план.

Моето животно мото е... „Ако не мислиш на твојата иднина, нема ни да ја имаш“.

Автор: Јорданка Јорданова

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска