1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Патување

Првиот лет од скопскиот аеродром на 1 јули за Германија

29 јуни 2020

По повеќемесечна пауза, меѓународните аеродроми во Скопје и Охрид ќе ги отворат вратите за патници в среда. Надлежните претходно донесоа посебни протоколи за патниците.

https://p.dw.com/p/3eW9n
Flughafen Skopje in Nordmazedonien
Фотографија: Petr Stojanovski

Со летот на „ВизЕр“ за Бремен, Германија во 6 часот наутро, меѓународниот аеродром во Скопје и официјално ќе започне со работа по пауза од речиси триипол месеци. Утрото ќе се лета и за Ларнака, Стокхолм и Келн со истата компанија. Меѓународниот аеродром во Скопје е затворен од 19 март годинава, а охридскиот од 16 март поради пандемијата на коронавирус.

Патниците ќе мора да минат ригорозна здравствена контрола пред да се упатат на посакуваната дестинација. Дополнително, голема е веројатноста дека македонските државјани нема да можат да патуваат во земјите од ЕУ. Причината е високата стапка на заразени од Ковид-19 во Северна Македонија, која е далеку од просекот во земјите-членки на ЕУ.

Што се однесува до новите правила на аеродромите во земјата, тие беа објавени минатата недела од компанијата ТАВ- Македонија.

Според новиот протокол, патниците ќе треба да пристигнат на аеродромите најмалку 3 часа пред нивниот лет, да стават заштитна маска пред да влезат во терминалната зграда на аеродромот, да ги дезинфицираат обувките и рацете на самиот влез во зградата и постојано да одржуваат физичко растојание.

Во аеродромските згради ќе можат да влегуваат само патниците. Семејствата и пријателите ќе мора да останат пред објектот.
Секој патник ќе биде скениран со термална камера и во случај да има зголемена телесна температура, нема да може да патува.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема