1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Први реакции на изборите во Берлин и Мекленбург Предна Померанија

18 септември 2006

Еве како одреагираа на првичните изборни резултати големите партии на сојузното ниво.

https://p.dw.com/p/Ac39
„Првиот социјалдемократ„ Курт Бек има причина за радување
„Првиот социјалдемократ„ Курт Бек има причина за радувањеФотографија: AP

Шефот на социјалдемократската партија Курт Бек се осврна на фактот дека избирачите не ја поддржале христијанско демократкста унија на канцеларката Ангела Меркел дури ни во покраината од каде што доаѓа таа. Бек манифестираше и задоволство од фактот што неговата партија останува на власт во обете покраини во кои се бираше вчера.

„Се радувам затоа што Берлинчаните толку впечатливо го потврдија владеењето на Клаус Воверајт. Социјалдемократијата во Берлин повторно освои повеќе гласови и јасно е дека Берлинчани сакаат да го задржат премиерот на покраинската влада.„

Шефицата на Партијата на Зелените, Клаудија Рот смета оти изборниот резултат ја покажува волјата на избирачите на местото на помал коалиционен партнер на социјалдемократите во покраинската влада за Берлин да се најдат токму Зелените:

„Ова е неверојатен резултат за нас. Ние сме фактичкиот победник на изборите во Берлин. Сите други загубија дел од гласовите, а најмногу Партијата на левицата, која беше на власт со социјалдемократите. Сметам дека ова е јасна одлука на избирачите за коалиција меѓу СПД и Зелените, со акцент на Зелените.„

Шефот на Либералите Гидо Вестервеле се појави со следната оценка на изборите во двете покраини:

„Во Берлин остваривме одличен резултат, тоа е за нас втор најдобар резултат во таа покраина од повторното обединување на Германија. А во Мекленбург Предна Померанија остваривме триумфален резултат. Дотолку повеќе што цели 12 години не бевме воопшто застапени во тамошниот покраински парламент.„

Од името на владеачката Христијанско демократска Унија, генералниот секретар Роланд Пофала го призна поразот на неговата партија на обата избора. Ние навистина не ги остваривме зацртаните цели, ова е разочарувачки исход на изборите за нашата партија – нагласи Пофала.