1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прв македонски државјанин пред судот во Хаг

21 март 2005

Јохан Тарчуловски, македонскиот државјанин обвинет од Хашкиот трибунал во врска со случајот Љуботен, денеска се изјаснува пред судиите во Хаг, во врска со обвиненијата за вмешаност во убиство на цивили од албанска националност за време на конфликтот во Македонија во 2001-та година.

https://p.dw.com/p/AcGY
Јохан Тарчуловски сведочи пред судиите во Хаг
Јохан Тарчуловски сведочи пред судиите во ХагФотографија: ICC

Денешното е прво појавување на Тарчуловски пред Хашкиот трибунал. Тој на 16 март беше екстрадиран од Скопје во Хаг под обвинение дека со одобрение на поранешниот министер за внатрешни работои Љубе Бошковски, формирал и предводел полициска единица која што во август 2001-та година спроведе акција во Љуботен во која што настрадаа седуммина жители од албанска националност.

Бошковски, кој исто така е обвинет за кршење на законите и обичаите на војување во врска со љуботенскиот случај, во моментов се наоѓа во истражниот затвор во Пула. Хрватската полиција го уапси по барање на македонските власти откако беше обвинет за случајот Раштански лоѕја.. За истото кривично дело, соиѕвршителство во седум тешки убиства кај месноста Раштански Лоѕзја, на 25 февруари обвинените против Љубе Бошковски, кој има и хрватско државјанство, подигна и обвинителството во Пула.

Хрватската министерка за правда Весна Шкаре Оѕболт иѕјави дека наскоро ќе го испорача Бошковски во Хаг.

Во врска со оввиненијата против Тарчуловски и Бошковски, специјалниот претставник на Европската Унија во Македонија Михаил Салин иѕјави дека треба да му се верува на судот и на хашката обвинителка Карла Дел Понте, кои се сомневаат дека двајцата македонски државјани иѕвршиле воени злосторства.

,, Процесот продолжува и можеби ќе има други случаи. Сепак, македонската влада треба да ја профати таквата состојба,, рече Салин.