1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прв светски рекорд на ОИ во Лондон

БГ/макфакс27 јули 2012

Иако се‘ уште официјално неотворени, на Игрите во Лондон веќе падна првиот светски рекорд и тоа во стрелаштво.

https://p.dw.com/p/15fRk
Фотографија: picture-alliance/dpa

Олимписките игри во Лондон, кои свечено ќе бидат отворени вечерва (27.07), на спортските борилишта започнаа на извонреден начин – со нов светски рекорд во стрелаштво.

Репрезентативецот на Јужна Кореја Донг-хјун Им, во квалификациите забележа 699 поени, со што за три поени го надмина стариот рекорд.

Јужнокореецот е речиси слеп на левото око, а малку му е оштетен видот и на десното око.

Хјун веќе има освојувано златни медали на ОИ во Атина и Пекинг, претходниот рекорд тој го постави во мај годинава, во Токио. Тој заедно со колегите Буб-мин Ким и Џин-хјек Охо го собори тимскиот рекорд – погодувајќи 2087 кругови.