1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговорите за Косово без резултат

29 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bl8H

На првите директни преговори меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово беше договорено тие да продолжат на 14. окотомври во Брисел – соопшти по средбата европскиот претставник во преговарачката Тројка, Волфганг Ишингер. На средбата немаше приближување на дијаметрално спротиставени позиции. Приштина и понатаму инсистира на независност, а Белград нуди автономија. Тројката на Контакт групата која посредува, побара од двете страни да бидат одговорни и да постигнат компромис.

Српскиот премиер Воислав Коштуница, кој учествуваше на средбата во Њујорк, оцени дека резултатот на следната рунда директни преговори нема да зависи од Белград и Приштина, туку од „третата страна„ која според него треба да ги поттикне Албанците да не ги зацементираат барањата за независност.