1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговорите за Косово без резултат

29 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BlAZ

Во Белград и во Приштина владее воздржано задоволство по првата рунда од повторните директни преговори околу статусот на Косово.

На средбата во Њујорк синоќа е договорено тие да продолжат на 14. октомври во Брисел.На неа немаше приближување на дијаметрално спротиставени позиции. Приштина и понатаму инсистира на независност, а Белград нуди автономија. Тројката на Контакт групата која посредува, побара од двете страни да бидат одговорни и да постигнат компромис.