1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преговори со Грција и реформи, порачуваат германски пратеници

3 ноември 2011

Седнете преговарајте со Грција и бидете флексибилни. Забелешките на Европската комисија сфатете ги сериозно и продолжете со реформите. Ова се двете клучни пораки на германските парламентарци за премиерот Груевски

https://p.dw.com/p/134I1
Фотографија: Petr Stojanovski

Во интерес на македонските граѓани е да се седне на преговори со Грција и да се биде флексибилен, порачува германската парламентарка Марилуизе Бек од Партијата на Зелените. Таа со уште неколкумина свои колеги од Бундестагот утрово ја завршува посетата на Македонија. Во изјавата за Дојче Веле објаснува дека е сосема јасно оти во овој период преговорите за името не се во фокусот поради проблемите со кои се соочува Грција.

“Постои очекување дека Германија може да ја принуди Грција на компромис. Јас мислам дека ние имаме помалку влијание врз Грција отколку што луѓето и владата мислат. Треба да се разбере и прифати дека Грција е членка на Унијата што и дава право да каже да или не по одредени прашања. Во интерес на македонските граѓани е да се седне да се преговара и да се биде флексибилен“, изјави за Дојче Веле Марилуизе Бек од Партијата на Зелените.

Сериозност кон забелешките

Marieluise Beck
Марилуизе БекФотографија: DW

Нејзиниот колега од сестринската партија на ВМРО ДПМНЕ, владејачката ЦДУ, Питер Вајс, за Дојче Веле изјави оти неговата порака до премиерот Никола Груевски е сериозно да ги сфати забелешките на Европската комисија и да продолжи со реформите.

“Општо, мислам дека Македонија е на добар пат кон Европската Унија, сепак има одредени забелешки кои беа нотирани во извештајот на Европската комисија, а се однесуваат на слободата на медиумите, владеење на правото и капацитетот на јавната администрација. Потребно е тие да се сфатат сериозно и да се продолжи со реформи во овие сектори“.

Потребно е трпение и посветеност за надминување на слабостите е ставот на германската делегација која освен со премиерот Груевски имаше средба и со опозиционерите Црвенковски и Тачи, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Борис Георгиевски