1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предвремени парламентарни избори во Турција

22 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BKjD

Во Турција денеска се одржуват предвремени парламентарни избори. Право на глас имаат 42 милиона избирачи. Според најновите анкети, конзервативно-религоозната партија АКП на премиерот Реџеп Таип Ердоан може да смета на победа. Дали таа ќе обезбеди и апсолутно мнозинство зависи од тоа колку партии ќе ја совладаат 10-процентната граница за влез во парламентот. Изборите се одржуваат предвремено бидејќи во парламентот не успеаја обидите за избор на претседател на земјата. Ердоан залудно се обидуваше да го наметне својот министер за надворешни работи Абдула Ѓул за шеф на државата.