1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предмет на ЈО за говорот на омраза кон Грција

25 јули 2018

Катастрофалните пожари во Грција поттикнаа серија апели за поддршка и помош во Македонија, но и многу говор на омраза на социјалните мрежи. Обвинителството сега ќе ги испитува тие наводи

https://p.dw.com/p/324Q7
Staatsanwaltschaft in Skopje
Фотографија: DW/Katerina Blazevska

Основното јавно обвинителство од Скопје, по допрен глас, оформи предмет во врска со бројните постови и коментари на социјалните мрежи, кои содржеа расистички и ксенофобични ставови во однос на катастрофалните пожари во Грција. Постовите на социјалните мрежи се насочени кон пожарите во близина на Атина кои досега однесоа 80 човечки животи.

Јавното обвинителство ќе испитува дали преку пишувањето на коментарите и написите на социјалните мрежи е извршено кривично дело за кое се гони по службена должност. Следува преземање дејства со цел обезбедување докази за предметот. Воедно, ќе се утврдува идентитетот на лицата што преку објавување написи и коментари учествувале во ширењето на говорот на омраза.​

Griechenland, Athen: Großbrand in Griechenland
Пожарите во Грција направија пустош во регионот на Атина и однесоа 80 човечки животиФотографија: picture-alliance/dpa/G. Zachos

Социјалните мрежи во Македонија деновиве беа преплавени со реакции во поддршка на грчките граѓани и апели за помош. На спротивната страна имаше и многу говор на омраза и навреди. Во тоа предничеше водителот Миленко Неделковски, но и некои други корисници на Фејсбук.

Владата и Градот Скопје веќе издвоија финансиски средства за помош на настраданите во Грција.