1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

050509 EU-Finanzminister Brüssel

6 мај 2009

На економска криза во овој момент може да се гледа и позитивно. Состојбата е толку тешка, така што може да се оди само напред. ЕУ гледа знаци за економско заздравување, но и опасност од зголемување на невработеноста.

https://p.dw.com/p/HkmA
Ќе се зголемуваат ли редиците пред агенциите за труд?Фотографија: picture-alliance/ dpa/dpaweb

Еврокомесарот за економска и монетарна политика Хоакин Алмунија и министрите за финансии на земјите- членки на ЕУ по вчерашниот состанок во Брисел предупредија на опасноста од растечката невработеност. Меѓутоа тие навистина гледаат конкретни индикации за подобрување на стопанската состојба во ЕУ:

„Сите се согласни во оценката дека стигнавме до дното на рецесијата, но истовремено ги набљудуваме позитивните сигнали во САД во Азија и во Европа. Верувам дека сите ние во моментов имаме позитивни очекувања и истовремено ги чуствуваме и негативните последици на рецесијата“, рече Алмунија.

Joaquin Almunia
Еврокомесарот Хоакин АлмунијаФотографија: AP

Скратеното работно време е добра преодна мерка

Кон овие последици се вбројува и невработеноста. Таа би требала да достигне највисоко ниво доколку конјунктурата бавно напредува. Жан Клод Јункер, претседател на евро-групата, односно на 15-те земји-членки на ЕУ, кои ја користат заедничката валута-еврото, предупреди од можни социјални проблеми.

„Можам само да го повторам мојот повик до работодавачите, да не преземаат масовни и избрзани отпиштања. Европските претпријатија мора да бидат свесни за нивната социјална одговорност“, рече Јункер.

Тој притоа го потенцираше скратеното работно време како добра преодна мерка. Таа треба да помогне, до крајот на кризата да се избегне зголемување на невработеноста.

Treffen der EU-Finanzminister in Brüssel
Германскиот министер за финансии Штајнбрик ( во средина)Фотографија: AP

Да се спречи државен банкрот во некои земји-членки

Долго време кај повеќето влади на државите-членки на ЕУ во преден план стоеше акутната одбрана од кризата. За таа цел дел од нив усвоија сeопфатни пакети за поттикнување на конјунктурата и поради тоа високо се задолжија. Меѓутоа сега министрите за финансии се повеќе предвид ги земаат преголемите буџетски дефицити. Германскиот министер за финансии Пеeр Штајнбрик смета дека мора да бидат применети критериумите на пактот за стабилност и развој на евро-зоната, кој меѓу другото предвидува буџетскиот дефицит на земјите-членки да не може да ја надмине границата од 3 проценти:

„Сметам дека е казниво во оваа фаза да се доведува во прашање Пактот за стабилност и развој на евро-зоната, зашто тогаш ќе ни биде одземен секаков темел и ќе градиме само уште врз песок“ , рече Штајнбрик.

Голем број земји-членки на ЕУ, како на пример Унгарија, Летонија и Романија, се загрозени од државен банкрот. За да им се помогне ним, министрите за финансии одлучија постоечкиот кризен фонд на ЕУ за такви случаи двојно да го зголемат на 50 милијарди евра.

Автор: Кристоф Хаселбах/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска