1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прекршено примирје на Блискиот Исток

23 август 2011

Обидите за прекин на огнот меѓу Израелците и Палестинците доживеаја пораз.

https://p.dw.com/p/12LeH
Насилството меѓу Израел и Палестинците повторно се разгореФотографија: dapd

Покрај неофицијалното примирје, милитантни палестински групи продолжија со ракетни напади врз израелска територија. Со тоа исламиските екстремисти го прекршија сопственото ветување дека нема да вршат напади врз Израел со ракетите, кои се во нивно производство, соопшти претставник на израелската армија.

По повеќемесечната релативно мирна состојба, конфликтот меѓу Израел и Палестинците повторно се разгоре минатата недела. Во серија координарани терористички напади во четвртокот беа убиени осуммина Израелци. Израел одговори со воздушни напади врз цели во Појасот Газа.

Автор: ТТ/ АТ/ дв

Редактор: Е.М.Фиданоска