1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Преку 800 жртви во Индонезија

ЖА / агенции
30 септември 2018

Уште не се знаат вистинските размери на катастрофата по земјотресот и цунамито, конечниот биланс на жртвите може да биде уште поголем

https://p.dw.com/p/35izG
Indonesien nach dem Tsunami in Palu
Фотографија: Reuters/Antara Foto

По земјотресот и цунамито со преку 800 жртви од петокот, во Индонезија продолжува трката со време во спасувањето на настраданите. Во провинцијата Сулавеси на спасувачите и 36 часа по катастрофата не им успеа да се пробијат до сите места долж брегот. Се стравува дека во тињата и урнатините се засипани уште луѓе и дека конечниот биланс на жртвите ќе биде многу поголем, потпретседателот Јусуф Кала  зборува дури и за можни илјадници загинати.

Erdbeben Tsunami in Indonesien Palu
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Rifki

Едно аматерско видео на цунамито направено со мобилен телефон во Палу покажува како џиновски бран се движи и го поплавува брегот, однесувајќи со себе луѓе, автомобили, чамци и цели куќи. Многумина биле изненадени на плажата, во подготовки за планиран фестивал. Се засилува и критиката за несоодветно функционирање на системот за рано предупредување по земјотресот од петокот со јачина од 7,5 степени по Рихтер. Портпарол на индонезиската Служба за заштита од катастрофи изјави: „Сирените не се огласија, луѓето не беа свесни за опасноста.“ Националниот центар за метеорологија и географија издал предупредување од цунами, но по половина час го повлекол, што очигледно било прерано.

Indonesien nach dem Tsunami in Palu
Фотографија: Reuters/Antara Foto

Во Палу, главниот град на Сулавеси, денеска од урнатините на куќитеуште се слушаат гласови, но на екипите им недостигаат соодветни машини за извлекување на затрупаните. Постои надеж дека помошта ќе почне да стига побрзо откако во меѓувреме е повторно оспособен за сообраќај аеродромот на островот.

повеќе:
Стотици жртви на чудовишното цунами во Индонезија

Индонезија се наоѓа во сеизмичка област, т.н. Огнен прстен и е подложна на земјотреси. Во текот на летото серијата потреси предизвика смрт на 550 луѓе на индонезискиот остров Ломбок. Во декември 2004. година земјотрес со сила од 9,1 степен го погоди островот Суматра, по што цунами во Индискиот Океан однесе 230.000 животи во 13 земји.