1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Претседателски избори во Камерун

9 октомври 2011

Камерунскиот претседател Пол Бија смета на сигурна победа на денешните (09.10) претседателски избори. 78-годишниот Бија владее со земјата веќе 29 години.

https://p.dw.com/p/12oTp
Претседателот на Камерун Пол БијаФотографија: AP

Во предизборната кампања Пол Бија беше самоуверен и верува дека ќе добие уште еден мандат. Опозицијата меѓутоа обвинува дека Бија подготвува фалсификат. Социјалдемократскиот Фронт (СДФ) обвинува дека се прават манипулации на изборните листи. Се оценува дека на тој наќин кандидатот на СДФ, Џон Фру Нди, кој веќе три децении е противкандидат на Бија, останува без шанси.

На избори се повикани 7,5 милиони граѓани со право на глас. Атмосферата во земјата е напрегната. Пред една недела немир предизвика протестот на дел од армијата против Бија. Војниците пукаа околу себе во центарот на градот Дуала, при што загина едно лице. Досега армијата важеше да сигурен поддржувач на претседателот. Освен тоа, во Камерун е тензично и поради високите цени на прехранбените намирници. Иако земјата поради нафтата со која располага важи за добростоечка, половина од населението живее под егзистенцијалниот минимум. Тензии постојано има и меѓу населението кое зборува француски и граѓаните кои зборуваат англиски.

Автор: ЕМФ/СН/епд/дапд

Редактор: С. Недевски