1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Претседателски избори во Конго,Бугарија и Бразил

29 октомври 2006

Во Конго денеска ќе падне решението за идниот претседател на државата. Кандидати во вториот круг се актуелниот претседател Жозеф Кабила и неговиот предизвикувач, потпретседателот Жан-Пјер Бемба. Втор кург на претседателските избори и во Бугарија: се избира меѓу актуелниот Георги Прванов и противкандидатот Вален Сидеров. Истото се случува и во Бразил: фаворит за претседателската функција е Инасио Лула да

https://p.dw.com/p/Ac26

Силва:

Синоќа кандидатите за претседател на Конго ги повикаа своите приврзеници на мир. Во заедничкото соопштение, Кабила и Бемба ветуваат дека ќе се погрижат за мирен и безбеден тек на изборите што ги обезбедуваат и преку 17 илјади војници на Обединетите нации. Германија, во рамките на единицте ЕУФОР е застапена со 750 луѓе. Исходот од првиот круг на 30 јули беше одбележан со тридневни насилнички судири меѓу приврзениците на Кабила и Бемба. Кабила во вториот круг влегува како фаворит. Тој во првиот круг освои 45 насто, додека Бемба 20 проценти од гласовите.

Претставничката на фондацијата Конрад Аденауер, Андреа Остхајмер која се наоѓа во Киншаса во едно интервју за очекувањата што ќе се случува во Конго по изборите, изјави:

„Се разбира, тоа е тешко да се каже. Ќе потрае извесно време додека воопшто се консолидраат новите институции. Посебно ќе се одолговлечи формирањето нова влада. Значи, сметам дека тоа би можело да се случи дури по Божик„.

Инаку, гласачките места ќе се затворат во 17 часот.

И во Бугарија започна вториот круг на претседателските избори. Во првата рудна во минатата недела актуелниот претседател Прванов доби мнозинство од околу 64 проценти, но учеството на изборите беше под законски потребното од 50 насто. Во вториот круг во кој не е потребен кворум, Противник на Прванов му е дсниот популист Волен Сидеров кој во првиот освои околу 20 насто гласови. Сепак, на шефот на ултра-националистичаката партија Атака кој настапува против Европската унија и со непријателски пароли против малцинствата, не му се даваат големи шанси. Гласањето ќе трае до 19 часот.

Во Бразил, пак, околу 126 милиони граѓани денеска во вториот круг избираат претседател на државата и гувернери за десет од вкупно 27 сојузни држави. И покрај повеќето скандали за вмешаност во корупција, социјалистичкиот претседател Лула да Силва важи за фаворит во трката за највиската функција во земјата. Негов противник е поранешниот шеф на синдикатите Жералдо Алкмин.