1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Претседателски избори во Чешка: Милош Земан или не?

Тим Геслинг
12 јануари 2018

Милош Земан, контроверзниот популистички чешки претседател, се бори за реизбор на фунцијата. Главната порака на неговите предизвикувачи е дека тие не се тој. Политичка визија, меѓутоа, недостасува.

https://p.dw.com/p/2qjbm
Tschechien Wahlkampf Präsident Milos Zeman
Фотографија: picture-alliance/CTK/S. Petr

Новинари треба да бидат „ликвидирани“, вегетаријанците заслужуваат смрт, исламот спроведува „супер-холокауст“ против Европа и светот би требало да ја прифати руската анексија на Крим.

Ваква реторика недостасуваше на последната дебата на претседателските кандидати во Докс, галеријата за модерна уметност во Прага, бидејќи Земан одби да дискутира со своите противкандидати.

Актуелниот претседател на Чешка е можеби крут и пресметлив, но ретко е здодевен. Неговите ривали во претседателската трка, наспроти тоа се мачеа да бидат инспиративни. Седумте средовечни мажи на сцената се чини мислеа дека само да не се биде Милош Земан е доволно.

„Предизвикувачите се многу неуверливи, тешко е да се најде некаква политичка супстанција. Кандидатот кој претставува најголем ризик за Земан е Земан“, забележуваа Шон Хенли од факултетот УЦЛ за словенски и источноевропски студии

Јиржи Драхош, независен кандидат, академик и политички новајлија ја предводи групата. Анкетите говорат дека токму тој ќе се соочи со Земан во вториот круг на изборите кој ќе се одржи две недели по првата рунда гласање која е денеска и утре (12 и 13 јануари). Конечниот исход е тешко да се предвиди.

Prag Wahlkampf  Jiri Drahos
Јиржи ДрахошФотографија: picture-alliance/dpa/K. Sulova

И додека за либералните сили во Чешка приоритет број еден е Земан да биде поразен на изборите, ним им пречи недостатокот на политички опции.

Земан ѝ се обраќа на провинцијата

Но младата урбана публика не е гласачко тело на претседателот кој многу пуши и пие. Неговата ксенофобична и реакционерна реторика проаѓа добро во провинцијата.

Иако се непотврдени тврдењата за лошата здравствена состојба на 73-годишниот Земан, тој изгледа сѐ поизнемоштено. Но без оглед на тоа, тој останува лукав политичар и доколку биде реизбран ќе продолжи да ги растегнува границите на неговата функција која официјално е главно церемонијална.

Повеќе на темата:

-Во Чешка не се во прашање тапоглави десничари

-Контроверзниот милијардер Бабиш ќе ја води Чешка како фирма?

-Чешкиот претседател распламтува страв од бегалците

Откако победи на првите директни претседателски избори во Чешката Република во 2013 година, Земан си играше повлечи-потегни со уставот за да ја наметне својата волја во државната политика. За време на кампањата, тој ја користеше неговата улога во формирањето на новата вада за да се одржува себеси во фокусот на медиумското внимание.

Имено, постојат сомнежи дека Земан има склучено пакт со милијардерот и лидер на партијата АНО, Андреј Бабиш, која се мачи да формира малцинска влада во земјата по парламентарните избори во октомври. Земан порача дека ќе ѝ овозможи на АНО колку што е можно повеќе шанси да го мине гласањето за доверба во долниот дом на чешкиот парламент.

Andrej Babis und Präsident Milos Zeman in Prag
Милош Земан и Андреј БабишФотографија: AFP/Getty Images/M. Cizek

Земан исто така водеше сопствена „алтернативна“ надворешна политика во изминатите пет години. Тој честопати влегуваше во судир со ставовите на владата и на ЕУ. Тој предизвика сомнежи на Западот со изјаснувањето против санкциите за Русија и со трката по кинески инвестиции. Неговата реторика му наштети на меѓународниот имиџ на Чешката Република, сместувајќи ја во клубот предводен од Унгарија и Полска, и покрај тоа што официјалната политика на чешката влада беше далеку поумерена.

Потребна е визија

Наредниот претседател ќе игра решавачка улога во одредувањето на тонот на односите на земјата со ЕУ која планира подлабока интеграција. „Уште еден мандат за Земан дополнително би го компликувал секој чекор кон 'јадрото' на ЕУ. Тој ќе ја задржи анти-ЕУ и анти-мигрантската агенда“ истакнува Хенли.

Иако новиот премиер Бабиш често зазема популистички позиции за таквите прашање, тој е и прагматичен бизнисмен кој се стреми кон топли односи со Брисел. Членството во „јадрото“ на ЕУ, кое е во фаза на формирање, е клучно за земјата која е во голем дел зависна од извозот во Унијата и европските фондови. Но на Бабиш ќе му треба помош да го убеди електоратот за потребата за компромис со Брисел.

Ќе биде потребна јасна политичка визија - а не само нов претседател - за да се преброди раздорот кој Земан го направи меѓу национал-конзервативните гласачи и поддржувачките на либералната демократија, и земјата повторно да се насочи кон ЕУ, истакнува Хенли.

Tschechien Prag Veitsdom und Prager Burg
Фотографија: picture-alliance/Arco Images GmbH/N. Stengert

Меѓутоа, најсилниот противкандидат на Земан, Драхош, во претседателската кампања не претстави стратегија за премостување на дупката за да се отвори политичкиот простор и да се овозможи Прага да се придвижи кон „јадрото“ на ЕУ. Наместо тоа, тој изјавуваше дека наредниот претседател мора да биде отворен, да ја говори вистината и да презентира визија за тоа како да се бранат стратешките интереси на Чешка во рамките на ЕУ.

Со ваквите ставови Драхош ризикува да ги демобилизира либералните гласачи, предупредува Хенли. А тој дефинитивно ќе се соочи со голем тест во вториот круг на гласање на 26 и на 27 јануари. Токму во вториот круг во 2013 година итриот Земан ги извади ракавиците во односот кон либералниот противкандидат и одмаршира до победа.