1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Претставен новиот план резолуција за Косово

14 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BFms

САД побараа од Русија да се откаже од вето при престојното гласање за новата резолуција за Косово. Советот за безбедност на ОН во поинаков случај не би можело да игра никаква улога во конфликтот во покраината, појасни американскиот амбасадор Залмај Калилзад.

Во текстот на резолуцијата е изоставен пасусот, кој предвидуваше автоматска независност на Косово, доколу Србите и Албанците не склучат спогодба во рок од 120 дена. Од Њујорк се вели и дека Русија стрикно не го одбила предлогот. – Владата во Москва опстојува на тоа, можна независност на Косово да не се прогласи без согласност на Србија.

Новиот текст на резолуцијата синоќа им беше претставен на членките на Советот за безбедност на ОН.