1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски во Минхен

23 ноември 2011

Тим на македонската влада предводен од премиерот Никола Груевски бара инвеститори во Германија.

https://p.dw.com/p/13FEk
Никола ГруевскиФотографија: Petr Stojanovski

Република Македонија и Сојузна Република Германија имаат добри пријателски односи, а на посебно ниво се и односите со покраината Баварија, оценија по вчерашната средба во Минхен македонскиот премиер Никола Груевски и баварската министерка за европски прашања Емилија Милер.

Бизнис форумот на македонски и германски компании, што ќе се одржи денеска во Минхен, го оценија како добра можност за воспоставување сериозни контакти помеѓу стопанствениците од двете страни. Во фокусот на разговорите биле заложбите за продлабочување на економските односи, трговската размена и инвестициите.

Владин тим предвоен од Груевски денеска во Минхен ќе ги претстави пред германските стопанственици можностите и условите за инвестирање во земјата. Ќе бидат претставени активностите што ги презема Владата за подобрување на бизнис климата, поволностите што ги нудат технолошко-индустриските зони, макроекономските индикатори, проектите и секторите во кои може да се инвестира, како и активностите за промоција на Македонија како добра дестинација за инвестирање.

Како целни сектори каде се очекуваат инвестиции од германските компании, јави известувачот на МИА,се инвестиции во производството на автомобилски компоненти, информатичко-комуникациска технологија, земјоделство и преработка на храна, бизнис услуги, фармацевтска индустрија и медицински помагала, енергетика и обновливи извори на енергија, туризам, градежништво и инфраструктура.

Автор: БГ/миа

Редактор: Симе Недевски