1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Префрлена границата од 5 милиони

1 февруари 2006

Бројот на невработените во Германија во јануари повторно ја префрли границата од 5 милиони: во однос на декември се зголеми за 408 илјади и достигна 5 милини и 12 илјади. Стапката на неварботеност достигна 12,1 насто.

https://p.dw.com/p/AeMn

Шефот на сојузната агенција за вработување Франк Јирген Вајзе вели дека процесот е резултат на последиците од зимската пауза поради студеното време, пред се во јануари. Но:

„Во основа невработеноста се намалува. Префрлувањето на границата од пет милиони во тој процес ништо не менува„.

Меѓутоа, опозицијата гледа поинаку. Шефот на фракцијата на левицата во Бундестагот Оскар Лафонтен:

„Доказот е мезирен, не само од големата коалиција, туку и од црвено-зелената. Економската политика е сосема погрешна бидејќи куповната моќ на вработените и на пензионерите систематски опаѓа„.

Генералниот секретар на либералите Дирк Нибел со оценка:

„Пет милиони невработени е голата вистина во Германија. Сите знаат дека зимата допрва започнува и тоа долгорочно ја одбележува атмосферата во земјата, отколку која и да е офанзива на црно-црвената влада„.