1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Приватни универзитети

31 август 2010

Од вкупно четиристотини универзитети во Германија, околу една четвртина се приватни. Каква е нивната понуда и по што се разликуваат од државните универзитети?

https://p.dw.com/p/OdpL
Приватниот универзитет Витен-ХердекеФотографија: picture-alliance / dpa

Не сите приватни високообразовни институции се држат до она што ветуваат во нивната понуда. За одржување на квалитетот на образованието, мошне важно е овие универзитети да бидат признати од државата. Оние кои не се наоѓаат на листата на Конференцијата на универзитетски ректори не се државно признати. Тоа значи дека нивната дефиниција за високо образование не соодветствува со независното научно и практично истражување на државните, односно црковните универзитети.

Приватно значи поскапо

Денес постојат повеќе од осумдесет државно признати универзитети, кои се финансираат од различни извори: од фондации, здруженија или, пак, добиваат државни субвенции. Сепак, сите имаат нешто заедничко: студентите мора да плаќаат школарина, која варира од 15.000 евра за целокупните студии на Универзитетот Витен-Хердеке кој се смета за прв приватен универзитет во Германија или околу 4000 евра од семестар на Трговскиот универзитет во Лајпциг. Поради ова, за приватните високообразовни институции честопати се вели дека се наменети само за деца на богати луѓе. Сепак, речиси сите приватни универзитети доделуваат и стипендии.

Student mit Businessplan Gründerwerkstatt Uni Witten-Herdecke
Студент на универзитетот Витен-ХердекеФотографија: Universität Witten-Herdecke

Материјално опремени и со гаранција за вработување

Приватните универзитети се најчесто мали и материјално добро обезбедени, а често соработуваат и со компании, пришто им нудат на студентите можности за стажирање. Кај некои приватни универзитети постои и т.н. гаранција за вработување. Многу од нив нудат и пракси на универзитети-партнери во странство и соработуваат со претпријатија од најразлични области. Освен тоа, консултациите и соработката на приватните универзитети се одвива во доста индивидуална средина.

Wirtschaftsstudenten der privaten Universität Witten-Herdecke
Студенти по економија на приватниот универзитет Витен-ХердекеФотографија: DW

Мали, но вредни

Бројот на студенти на приватните универзитети е доста мал во споредба со државните. Од преку два милиони студенти во Германија, на приватните универзитети се запишани не повеќе од 4,5 проценти (лето 2010), со тенденција на зголемување. Овие универзитети сами ги избираат лицата кои ќе студираат кај нив: предуслов не е само солиден успех на училиште, туку пред се` ангажман во различни сфери и спектар од лични компетенции.

Автор: Клаудија Унзелд / Далибор Стајиќ

Редактор: Александра Трајковска