1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Привремената спогодба се почитува

Александар Чомовски17 јануари 2007

Министерот за надворешни работи Антонио Милошовски и грчката амбасадорка Теодора Гросомандиу беа на отворањето на студио за грчки јазик во касарната Илинден

https://p.dw.com/p/AdZu
Фотографија: DW

По серијата изјави и потези кои ги вжештија односите Скопје Атина,денешната појава на македонскиот шеф на дипломатијата и грчката амбасадорка во Македонија беше јавна манифестација за продолжување на дијалогот и соработката.

-Отворањето на канцеларијата,на лабораторијата за изучување на грчки јазик во склоп на нашата армија укажува дека потенцијалот за соработка меѓу двете држави е многу поголем од потенцијалот на недоразбирањата да влијаат на таа соработка.Сигурен сум дека ништо не може да ја измести нашата силна соработка со Грција,рече Антонио Милошовски,шеф на македонската дипломатија.Тој одбегна директно да ја коментира последната изјава на Дора Бакојани,дадена за Дојче Веле.

Тие се вообичаени изјави,кусо одговори тој.Милошовски не очекува Грција еднострано да ја прекине времаната спогодба поради прекструвањето на скопскиот аеродром во Александар Велики.Нема такви најави,рече тој:

-Мислам дека привремената спогодба добро функционира,почитувана е од двте страни и очекуваме таа да продолжи и во наредните години.

Оваа изјава на Милошовски грчката амбасадорка во Скопје не ја коментираше.

-Треба да се гледа во иднината,не во минатото,цитирајќи ја оваа изјава на грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани дадена за Дојче Веле,амбасадорката Теодора Гросамандиу :

-Двете земји не треба меѓусебно да се провоцираат,потребно е енергијата да се користи во развиојот на добрососедските односи.

Амбасадорката и покрај критичката забелешка дека има уназадување на билатералните односи бидејќи се работи за симболи,а Грците се многу чувствителни на такви прашања сепак инсистира да се заборави делот од историјата кој би можел да ги влошува меѓусебните односи.

Студиото за изучување на грчкиот јазик во АРМ не е случајно.Македонските санитарни екипи во Авганистан се под команда на грчката мировна мисија веќе трета година.Неодамна македонски и грчки офицери имаа и заеднички вежби во проекти на НАТО.Денешното појавување на министерот Милошовски и грчката амбасадорка Гросамандиу е дипломатска слика по разговорите на посредникот во спорот околу името од ОН Метју Нимиц во Скопје и Атина.Повеќе од деценија од спорот околу името не го спречува влегувањето на грчки капитал во македонската економија.