1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прилеп – град на културата

1 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag8m

Во Прилеп официјално почна манифестацијата “Прилеп - град на културата“. Во текот на мај ќе бидат одржани Деновите на Крали Марко, Деновите на Ромите, ќе бидат одржани дебати за Светскиот ден на културата и низа други настани од сферата на културата. Според директорот на Центарот за култура во Прилеп, Тони Чатлески, цел на проектот е културата да стане дел од животот на сите граѓани, а не да биде затворена во институциите.