1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пристига помошта за настраданите од земјотресот на Јава

28 мај 2006

Пацифичкиот регион се тресе и понатаму. Денска се случија уште два силни земјотреса, едниот со силина од дури 6,7 степени по рихтеровата скала кај островот Тонга, а вториот кај Папуа Нова Гввинеја.

https://p.dw.com/p/Ae1Q
Едно од разурнатите зданија во Јогјакарта
Едно од разурнатите зданија во ЈогјакартаФотографија: AP

Тој е измерен со силина од 6,2 степена, исто како и оној вчерашниот на индонезискиот остров Јава, но со таа разлика што овој траел цели 20 минути. Во обата случаја за сега нема информации за жртви и материјална штета, а Центрарот за предупредување објави дека нема опасност од цунами бранови.

Во меѓувреме е во полн ек упатувањето меѓународна хуманитарна помош за Јава. Поголем број земји испартија итно спасувачки екипи, а на владата на Индонезија и‘ понудија и финансиска помош. Индонезискиот Црвен крст денеска соопшти дека само во најмногу погодениот град Јогјакарта и околината има околу 55.000 повредени лица. Соработникот на УНИЦЕФ Брук Вајсман Рос вака ја опишува ситуацијата:

„Болниците се преоптоварени и бараат дополнителни пратки со медикаменти. Надвор на улица лежат уште незгрижени лица на гола земја. Индонезиските власти без затечени, но за среќа болниците беа подготвени за ваков случај, бидејќи во близина се наоѓа вулканот Мерапи, кој во изминатите недели имаше засилена активност.„

И денеска голем број повредени се наоѓаат во имровизирани клиники под ведро небо. Најголемиот дел од нив имаат повреди на главата и скршени коски. Преживеаните велат дека најитно им се потребни шатори за заштита од дождот, но и од силното сонце. Проблем е што аеродромот во Јогјакарта е затворен за сообраќај поради оштетувања. Властите на Јава сметаат дека бројот на жртви од земјотресот, што во моментов изнесува 3.700, може да се качува и понатаму, бидејќи под урнатините веројатно има уште затрупани.