Притвор за криумчарите на луѓе
30 мај 2007Реклама
Истражниот судија во Скопје им одреди притвор на дел од 17-те уапсени македонски државјани осомничени дека се дел од меѓународен синџир за кримумчарење имигранти во Грција. Вчерашната акцијата на македонската полиција за нивно апсење била дел од меѓународно координирана операција на полициите на Србија, Албанија, Словенија, Босна и Австрија, кои во изминатите месеци ја следеле групата која само во последните три месеци шверцувала стотина лица.