1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Притисокот врз Германија продолжува

Бернт Ригерт 7 февруари 2008

26-те министри за одбрана на земјите членки на НАТО и нивните колеги од државите кои истотака имаат стационирано трупи во Авганистан, денеска во Вилнус извлекуваат биланс од осумгодишниот ангажман на Алијансата таму.

https://p.dw.com/p/D3zk
Средба на НАТО министрите во ВилнусФотографија: AP GraphicsBank
Притисокот врз Германија и останатите НАТО-сојузници, да испратат повеќе трупи во Авганистан, без ограничувања во ангажманот, се зголемува. Авганистанскиот министер за одбрана Абдул Рахмин Вардак пред средбата со своите колеги од земјите членки на Алијансата во Вилнус изјави дека се потребни повеќе војници во неговата земја за да се справат со исламистичките бунтовници и Талибанците. Покрај тоа би требало сите да бидат на располагање под истиот мандат, односно да можат да бидат ангажирани во секој дел од земјата. Потребни се повеќе трупи во Авганистан Военото раководство на Алијансата, говори за 7.500 војници кои се неопходни како дополнение на веќе стационираните 43 илјади. Генералниот секретар на НАТО, Јаап де Хооп Шефер вели: „Потребни ни се повеќе трупи во Авганистан. За тоа вообичаено не говориме јавно. Тоа можам овде уште еднаш да го повторам.“ Во последниве денови канадските и американските политичари јавно побараа повеќе трупи и од Германија за борбен ангажман. Германската влада ги отфрли барањата. Министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг настојува да стави на располагање 250 војници на Бундесверот за единица за брза реакција, која би требало да ја замени на теренот досега стационираната единица од Норвешка. Германските војници главно се стационирани на северот од Авганистан и се ангажирани во обезбедување на обновата на овој дел од земјата. Министерот Јунг би сакал така и да остане:„Со НАТО договоривме регионално распределување, што според моето гледиште е многу мудро. Знаете дека дека речиси 4.000 војници во северен Авганистан го исполнуваат нашиот налог“ Нема да дојде до поделба во НАТО Британците, Данците и Холанѓаните на југот меѓутоа имаат поголеми загуби.Генералниот секретар Шефер има разбирање за желбата на Германија да го ограничи ангажманот на своите војници само на мирниот север на Авганистан но порачува: „Сметам дека Германците вршат многу добра работа во Авганистан. Јас сум реалист. Знам дека Бундестагот сака определени ограничувања, но секако би сакал, да важи максимална флесибилност за сите НАТО сојузници“
И покрај забележителната критика од страна на американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс за германскиот став, министер Јунг смета дека нема дојде до поделба во НАТО. Уште неколку години присуството на странски трупи во Авганистан ќе биде целосно непоходно - се вели во НАТО. Во Вилнус НАТО министрите повторно ќе договараат како побрзо и поефикасно да се обучи авганистанската армија, за да може да преземе повеќе задачи во борбата против Талибанците.