1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прифатена оставката на босанскиот премиер Шпириќ

12 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CAXj

Босанското тричлено претседателство денеска ја прифати оставката на премиерот Никола Шпириќ со што се отвораат тешки владини консултации и можност за предвремени избори во земјата. Шпириќ ќе остане да ја врши должноста додека трите етнички заедници - српската, хрватската и муслиманската- не пронајдат компромисен кандидат за негов наследник. Ако нема договор тогаш мора да следат избори. Шпириќ кој го претставува српскиот ентитет, поднесе оставка на 1 ноември во знак на протест поради мерките на новиот меѓународен посредник во Босна, Мирослав Лајчак со кои според него се загрозувала автономијата на босанските Срби.