1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пријателите на Сирија бараат од СБ да дејствува

ЕМФ/ртр6 јули 2012

Контакт групата за Сирија побара од Советот за безбедност, и со тоа индиректно од Русија и Кина, порешително дејствување за да се стави крај на насилството во земјата.

https://p.dw.com/p/15Svv
Фотографија: dapd

Пријателите на Сирија, односно групата во која има и западни и арапски држави, на средбата во Париз денеска (06.07) се изјаснија за натамошни санкции против режимот на Башар ал-Асад. Министрите и високи дипломати заклучија да ја зголемат поддршката за опозицијата во Сирија. Бунтовниците, на пример, се опремени со модерни апарати за комуникација.

На конференцијата на Контакт групата не учествуваа претставници на Кина и Русија. Двете земји со право на вето во Советот за безбедност постојано спречуваат донесување резолуции на Советот за безбедност против ракoводството во Дамаск. Критичарите на Контакт групата затоа сметаат дека е попусто какви и договори да се прават и какви и заклучоци да се носат, се‘ додека на иста маса не седат и претстваници на Русија и Кина.