Прогресивниот данок и битката за социјална еднаквост

Синдикалците задоволни, бизнисмените и експертите затечени, но со претпазливи критики. Мерката за прогресивен данок предизвикува поделени реакции. Прагот за повисоко оданочување е поставен на 90.000 денари.

Прогресивен данок за социјална еднаквост и битка против сиромаштијата - македонската Влада најави реализација на една од главните предизборни мерки. Според министерот за финансии Драган Тевдовски, прогресивното оданочување ќе се однесува на сите вработени со месечни примања поголеми од 90 илјади денари. Над оваа сума, оданочувањето дополнително ќе се зголеми за 8 проценти, односно ќе изнесува вкупно 18 проценти. Од оваа мерка, според пресметките, годишно ќе се обезбеделе над 25 милиони евра во буџетот.

Политика | 07.04.2018

„Дополнителните 8 проценти би се плаќале само на дополнителни доходи над 90 илјади денари. Ова значи дека за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане 10 проценти. Прагот од 90 илајди денари го избравме бидејќи ги опфаќа најдоходовните 1 проценти од вкупното население“,  рече Тевдовски.

Тој образложи дека главна цел на владата на РМ била еднаква шанса и можности за подобар живот за сите граѓани, и борба против социјалната нееднаквост, според која Македонија е на прво место во Европа. Ваквата мерка, според првиот финансиер носи фер даночен систем за социјална сигурност, наместо социјална нееднаквост.

„Корист од рамниот данок имаат само најбогатите. Тој беше воведен во Македонија да им служи на малкумина кои заработуваа многукратно повеќе од најголемиот дел од граѓаните. Тој им дозволи на најбогатите да се богатат уште полесно, оставајќи го мнозинството да се мачи да ги задоволи своите основни потреби за живот. Праведниот данок ѝ оди во прилог на целата економија и на сите граѓани“, изјави Тевдовски.

Министерот за финансии тврди дека од прогресивниот данок полза ќе има целата економија и сите граѓани

Внимателни критики

Владината мерка иако беше најавувана долго време, сепак ја затече јавноста. Првичните реакции се поделени. Експертите и бизнисмените критикуваат, но внимателно. Синдикалците се задоволни што почнале и конкретни чекори за намалување на јазот на нееднаквоста, но предупредуваат дека допрва претстои сериозна работа:

„Ова е еден вид компромисно решение кое го поддржуваме. Нема логика некои со менаџерски договори да земаат по 3 или 4 илјади евра плати, а да плаќаат ист данок со работниците. Ако може тоа да функционира во Европа, зошто не и кај нас во Македонија? Но клучно е овие пари да завршат на вистинско место и да се помага стопанството за да се обезбедат услови и за повисоки плати“, реагира Пеце Ристевски, претседател на СИЕР, Синдикат на вработени во металургија, енергетика и рударство. 

Работниците се задоволни, но оние што стравуваат и негодуваат се дејностите со работници кои креираат додадена вредност, посебно во информатичкиот, но и банкарскиот сектор. Таму, според проценките, би бил и најголемиот удар. Дел од упатените предупредуваат од можни несакани последици: 

„Точно дека треба да им се помогне на посиромашните, но треба да се внимава да не се дестимулираат работниците со повисоки примања. Особено во ИТ-индустријата и во банкарскиот сектор, за да не се случи да си заминат од државата или да се пренасочат во други земји“, коментира за Дојче веле менаџер во една од комерцијалните банки во Македонија.  

Информатичкиот и банкарскиот сектор ќе претрпат најголем удар од воведувањето на прогресивниот данок

Опасности и ризици

Дел од експертската и бизнис јавност во мерката на власта повеќе гледаат популизам, отколку стабилна база за позначајни промени:

„Јазот помеѓу богатите и сиромашните не се намалува со воведување на данок на богатите, туку со комплетна даночна контрола. Па само со казни годишно се собираат повеќе средства во буџетот од оние што владата планира да ги собере со оваа мерка. Вака, на прва повеќе звучи како популизам, а мерката беше и најавена. Но треба да се види колку и кои ќе бидат ефектите и врз кои вработени. Ако се од странски фирми, кои имаат претставништва во соседството каде нема прогресивен данок, тогаш може да се случи дел од нив таму да ги подигнуваат парите за да избегнат поголемо оданочување“, предупредува бизнисменот Горан Рафајловски.   

Now live
00:58 минути
Теми | 14.07.2018

Предностите и слабостите на прогресивниот данок

Вака поставена, мерката, според Рафајловски, ќе даде ограничен резултат, но и ќе донесе ризик за одлив на капитал и мозоци. Оттука тој сугерира да се води засилена битка против сивата економија:

„Битката против сивата економија дефинитивно ќе даде поинакви резултати, бидејќи необјективно е да воведувате вакви мерки, а во исто време да толерирате сива економија која знаеме дека е рак рана на македонскиот систем. Јавна тајна е дека имаме огромен број на вработени кои не плаќаат придонеси и даноци. Ако засили контролата и наплатата врз т.н. сива економија, тогаш ќе имаме многу поголем прилив во буџетот и ќе се создадат мерки од поинаков тип. На пример, намалување на стапката на 6% на приходите за вработените со плати до 30 илјади денари. Но разликата да завршува кај нив. Тоа би била вистинска социјална политика“, смета Рафајловски. 

Повеќе: 10 или 18

Со прогресивниот данок Македонија ја напушта политиката на рамен данок која беше воведена во 2007 година од страна на тогашната Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ. Од земјите во соседството, Албанија во 2014 година направи слична промена во даночниот систем и воведе прогресивно оданочување. Ваквата мерка во оваа земја, според надлежните, дала позитивни ефекти. Рамниот данок сѐ уште е оперативен во Србија и Бугарија.

Следете нѐ