1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продажбата на автомобили во Европа расте

АТ/ дпа/ афп17 мај 2013

Надеж за автомобилската бранша: За првпат по септември 2011 година во Европа во еден месец се продадени повеќе автомобили. Актуелните бројки меѓутоа споредбено и натаму се лоши.

https://p.dw.com/p/18Zrm
Фотографија: picture-alliance/AP

За првпат по речиси еднаипол година продажбата на нови автомобили во Европската унија забележа благ пораст: Во април годинава во споредба со истиот месец лани се регистрирани 1,7 проценти повеќе возила, односно 1,038 милиони нови автомобили, соопшти европскиот автомобилски сојуз ACEA денеска во Брисел. Исотвремено сојузот нагласи дека сепак бројките се едни од најлошите регистрирани во месец април.

Плусот во продажбата се должи поради двата дополнителни работни денови. Во изминатите месеци бројот на ново регистрирани возила постојано опаѓаше.

Но, не секаде во Европа се опоравуваат авотмобилските пазари. Во Германија е забележан плус од 3,8 проценти, во Шпанија плус од 10,8 проценти и во Велика Британија плус од 14,8 проценти. Во Франција и Италија меѓутоа е забележано опаѓање на продажбата за 5,8 проценти односно 10,8 проценти.

Меѓу големите германски производители само БМВ го засенува успешниот биланс: Забележано е опаѓање на ново регистирани возила од оваа марка за 3,7 проценти. Дајмлер од друга страна значително ја подобри продажбата за 10,7 проценти, а Фолксваген за 9,9 проценти.

Во останатиот дел од светот според Сојузoт на автомобилската индустрија претежно е зголемен бројот на ново регистрирани возила: Во САД продажбата бележи плус од 8,4 проценти, во Кина плус од 18,8 проценти и во Бразил 29,6 проценти. Во Јапонија е регистриран слаб пораст од 0,7 проценти.