1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продажбата на ајфон се намалува

Ј. Јелинек/ЕМФ27 јули 2016

Продажбата на ајфон се намалува, што на Епл и во вториот квартал од годинава му донесе пад на профитот од 27%. Критичен развој, со оглед на тоа што една третина од добивката на Епл се должи на продажбата на ајфонот.

https://p.dw.com/p/1JWcD
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. H. Young

Малиот Iphone SE станува продажен шлагер. Смартфонот кој чини 400 евра и кој во продавниците дојде во март годинава, е особено омилен во земјите во забрзан подем, како Бразил и Индија. Но, проблемот на Епл е што и многу потрошувачи во САД и Западна Европа претпочитаат повеќе да го имаат поевтиниот модел, а не скапите Епл-апарати. Освен тоа, многумина ги користат своите апарати подолго и поретко ги менуваат за понови модели.

Ајфон-пазарот се заситува

Тоа се главните причини зошто добивката на Епл во изминатите три месеци е намалена за цели 27 проценти, но сепак и натаму изнесува горди 7,8 милијарди долари.

Бројките покажуваат и дека не се подобрува продажбата на Apple Watch. Во кварталниот извештај тој и натаму се води под категоријата „останати продукти“. И во овој дел Епл бележи пад на профитот.