1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжуваат борбите во Сомалија

2 април 2007
https://p.dw.com/p/AgHw

Поради постојаните борби во сомалискиот главен град етиопската армија испрати засилување во завојуваните области.Според извештај на локалните медиуми,стотина војници навлегле во јужниот дел од областа.Советот на најстарите на владеачкото племе во Могадишу повика на примирје и на помош од меѓународната заедница за да може да се погрижи за загинатите и за ранетите.Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека од избувнувањето на борбите во четвртокот во болниците кои тие ги поддржуваат биле доведени околу 400 ранети.

Преодната влада планира на 16 април да одржи конференција на помирување меѓу владините трупи и исламистите.