1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжуваат преговорите во Украина за надминување на кризата

26 мај 2007
https://p.dw.com/p/AnvK

Во Украина денеска треба да продолжат преговорите за надминување на политичката криза во земјата. Разговорите до долго во ноќта меѓу претседателот Виктор Јушченко и премиерот Виктор Јануковиќ не дадоа резултат. До најновото заострување на ионака длабоката политичка криза дојде откако претседателот реши да го смени јавниот обвинител и специјалната полициска единица со декрет да ја стави под своја контрола. Јануковиќ го одби декретот како неважечки.