1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжуваат преговорите за заложникот

24 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BLfj

По смртта на еден од двајцата германци киднапирани во Авганистан, продолжуваат преговорите за ослободување на

вториот заложник. Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека кризниот штаб презема се за ослободување на германскиот инженер. Меркел нагласи дека мора да се продолжи со напорите за обнова на Авганистан. На оваа тема таа разговараше со специјалниот пратеник на ОН, Том Кенигс, кој од кабинетот побара Германија да не отстапи од планираното. Инаку радикално-исламистичките Талибанци во меѓувреме поставија нов услов за ослободување на заложникот. Сега се бара слобода на повеќе Талибански-борци од авганистанските затвори. Германската влада не го коментираше ова барање.