1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжуваат разговорите Белград-Приштина

21 февруари 2012

Денеска (21.02) во Брисел продолжуваат разговорите меѓу Белград и Приштина. Главна тема е регионалното претставување на Косово.

https://p.dw.com/p/146KF
Од претходните средби на делегациите на Белград и ПриштинаФотографија: DW

Косовскиот премиер Хашим Тачи вчера изјави дека е договорено при претставувањето на Приштина на регионални собири да се употреби формула во којашто ќе се споменува Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, Мислењето на Меѓународниот суд на правдата и Декларацијата за независност на Собранието на Косово.

Шефот на белградскиот тим Борислав Стевановиќ изјави дека за Србија не е прифатливо споменувањето на Декларацијата за независност, но дека е можен компромис околу наведување на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност и Мислењето на Меѓународниот суд на правдата. Според негови зборови, Србија нема да се откаже од наведување на Резолуцијата 1244, а Приштина на регионалните собири мора да биде претставувана асиметрично, односно не како независна држава. Стевановиќ тврди дека Белград е заинтересиран за компромис и дека ќе работи на тоа да се постигне решение, но дека Приштина не сака да се откаже од максималистички ставови.

Автор: ЕМФ/ бета

Редактор: А. Трајковска