1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжува дијалогот власт - опозиција во Македонија

Александар Чомовски12 март 2007

Партиски тимови на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ го започнаа разработувањето на начините и динамиката за донесување на реформските закони за кои ќе биде неопходно мнозинството од гласови на пратениците Албаници во Парламентот.

https://p.dw.com/p/AdYw
Парламентот во Скопје
Парламентот во СкопјеФотографија: aptn

Минатонеделната позитивна енергија во дијалогот власт опозиција го одбележува и овој понеделник. На две одделни локации различни иницијативи. Партиско експертските тимови на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ започнаа разговори кои и какви закони се обврзни да се донесат со двојото мнозинство, т.н. Бадентеров принцип.

Потпретседателот на опозициската партија Муса Џафери влезе на преговорите со Силвана Бонева шеф на пратеничката гупа на ВМРО ДПМНЕ со пакет од околу 80 тина закони од сферата главно на образованието, на судството, изборот на судиите, законот за симболите, употребата на албанскиот јазик. За овие законски проекти, без гласовите од мнозинството на Албанци ДУИ нема да прифати враќање во парламентот. Од таборот на Ахмети инсититраат со двојно мнозинство и етничкиот клуч да биде донесен и понудениот закон за соработка со Хашкиот трибунл по што евентуално би следувало враќање на четирите досиеја за воените злодела на ОНА од конфликтот во 2001 година.

Коалицискиот партнер на ДУИ и лидерот на ПДП не прифаќа да се состави список на закони што во парламентот ќе мора да се гласаат според Бадентеровиот принцип. Челникот на просперитетот Вејсели оценува дека тоа е суспензија на уставот.

ДУИ и ВМРО ДПМНЕ го скршија мразот на заладените политички и етнички односи. Од друга страна опозициската СДСМ промовира европски ден во парламентот.