1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжува лидерскиот дијалог за судските реформи

Александар Чомовски 6 јули 2007

Судските реформи на дневен ред на денешната средба на лидерите на политчките партии. Минисерот за правда со демант дека Македонија не е подготвена за Хашките случаи.

https://p.dw.com/p/BD4Y
Судот во СкопјеФотографија: Petar Stojanovski
Лидерите на политичките партии во македонскиот Парламент денеска повторно сендаа на маса во обид да ги усогласат ставовите околу отворените прашања за судските реформи. Ова е петта средба по ред, а на неа учестува и минисерот за правда Михајло Маневски. Тој вчера ја демантираше хашката обвинителка Карла дел Понте дека Македонија не е подготвена да ги прифати хашките случаи.