1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжува опсадата на џамијата во Пакистан

6 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BDIB

Исламистите кои четврти ден се затворени во Црвената Џамија во Исламабад повторно одбија да се предадат. Еден од лидерите на бунтовниците кои бараат државата да се уреди според исламското право, најавија дека ќе останат внатре до смрт. Џамијата е опколена од армијата. Од вторникот до сега во престрелките загинаа 19 лица, а 1200 ученици ја напуштија џамијата. Не се знае уште колку има внатре во зградата.