1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжува судењето на Бошковски и Тарчуловски

7 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag6t

По тринеделна пауза денеска во Хаг продолжува судењето на Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски. Првиот сведок е на обвинителството.

Со договорената динамика судењето против македонските државјани ќе се одвива со сведочење на еден сведок дневно кој ќе биде испрашуван и од одбраната. Обвинителството најави дека ќе повика 96 сведоци, а се очекува порцесот да трае шест месеци.

Поранешниот министер за внатешни работи Бошковски и поранешниот полициски командант Тарчуловски се единствените граѓани на Македонија на кои им се суди за конфликтот во 2001 година. Двајцата се обвинети за „убиства, безобзирно уништување градови и села, нехумано постапување и кршење на обичаите на војување.“