1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Промената на името не го засега јазикот

19 мај 2010

Eвентуална промена на името на државата во Република Северна Македонија нема да значи и автоматско преименување на јазикот, сметаат лингвистите. Јазикот е регистриран во лингвистички атласи како македонски.

https://p.dw.com/p/NRXX
Фотографија: picture alliance/dpa

Јазикот одамна е етаблиран во лингвистичките атласи со придавката - македонски. „Феноменот на македонскиот јазик и целата култура се многу интересни за проучување во светски рамки“, вели научниот соработник на МАНУ д-р Марјан Марковиќ.

Häufig gestellte Fragen Buchstaben M Scrabble Deutschkurse
Фотографија: DW-Grafik

„Ако некој денес сака да го изучува македонскиот јазик нема друг освен тој што овде, во Македонија се применува. Тоа е јазикот што е официјален, државен и се нарекува македонски, нема друг во европската карта на активни, живи и говорени јазици во Европа“, истакнува лингвистот д-р Убавка Гајдова.

Двајцата македонски истражувачи деновиве го промовираа капиталниот проект „Атлас на македонските дијалекти“, обемен проект чии основи ги поставил починатиот академик Божидар Видоевски, еден од светските научници на словенските јазици. Дијалектите се богатство на еден традиционален и автохтон говор што со векови се користеле на територијата на Македонија. Во овој стручен труд се истражени над двеста места, села и градови, од каде се собирани секојдневни разговори и изрази за исти именки од егејскиот, вардарскиот и пиринскиот јазичен басен, каде е сочуван македонскиот јазик.

Häufig gestellte Fragen Buchstaben T Scrabble Deutschkurse Foto: DW-Grafik Datum 07.10.2009
Фотографија: DW-Grafik

Научниот истражувач Убавка Гајдова од Институтот за македонски јазик ги разбива стравувањата дека евентуалната промена на името на државата со име Република Северна Македонија, автоматски би значело и преименување на официјалниот јазик во северномакедонски. „Ако било кој јазик се именува северномакедонски, претпоставка е постоење на јужномакедонски јазик, а таков ниту има, ниту е именуван дури ни како дијалект. Нема никаква основа јазикот што го говриме во оваа држава да се нарекува северномакедонски“, објаснува д-р Убавка Гајдова.

Прашањето на името на јазикот се инструментализира во политички цели, тоа не е научна дилема

Говорот и фонетиката на дијалектите, но и летературниот јазик се регистрирани во европските и словенските лингвистички атласи како македонски, вели проф. Димитрие Бужаровски кој успеава да ги архивира во ЦД формат сите аудио матерјали за сочуваните дијалекти и изрази што ги оставле познатите собирачи на народното умотворство - Божидар Видоевски и Кирил Пенушлиски. Тој се потсетува и на своето искуство од пред две децении кога во Виена, на еден од Институтитe за музичко архивирање е формирана редакција за текстови на македонски јазик. „Тогаш имаше една куса реплика од грчките колеги, но јас не гледам никаква опасност дека овој јазичен идентитет ќе се изгуби дури и ако некој насила наметнува ново име за Македонија или замена за референцата ФИРОМ“, вели Бужаровски.

Häufig gestellte Fragen Buchstaben E Scrabble Deutschkurse Foto: DW-Grafik Datum 07.10.2009
Фотографија: DW-Grafik
Häufig gestellte Fragen Buchstaben A Scrabble Deutschkurse
Фотографија: DW

Во научните кругови не се респектираат политички критериуми во барањето или пласирањето на докази или аргументи, како што се македонските наречја, вели овој музиколог и композитор чија аудиоархива на македонски говори се чуваат на неколку места и заштитени од евентуални злоупотреби. Според Бужаровски прашањето на името на јазикот се инструментализира во политички цели, тоа не е научна дилема „Нашиот јазик и култура, како дел од националниот идентитет, се признаени како македонски, без оглед кој како сака да не преименува и така ќе остане“.

Со дваесетина лекторати низ светот, со еминентниот и меѓународен семинар во Охрид за литература и јазик кој ги собира сите светски македонисти, нема опсаност од негово преименување, велат консултираните лингвисти.

Македонскиот јазик, еден од најбогатите старословенски јазици

Македонскиот толковник, кој долго се подготвува и веќе има четири тома до буквата П, како и објавениот „Атлас на македонските говорни дијалекти“, собрани во над 200 урбани и рурални средини, меѓу говорниците, македонскиот јазик е еден од најбогатите старословенски, сличен на тие од Кафказ, вели проф. Марковиќ. Тој е член на ервопската асоцијација каде се регистрирани дијалектите на територијата која се нарекува Македонија, а се регистирираат под топонимот македонски говори. Според него важно е да се применат и новите форми на лексикографско уредување на македонскиот речник во електронски формат, било да се работи за речникот или за дијалектите.

Häufig gestellte Fragen Buchstaben K Scrabble Deutschkurse
Фотографија: DW-Grafik

Со него се согласува и германскиот истражувач Шинаси Деребеј, чија главна преокупација во Германија му е да се создаде електронско издание на модерниот македонски толковник на литературниот и говорен јазик. Тој сепак се жали на затвореноста на Институтот за македонски јазик кој недозволува достапност до неговите изрази во македонскиот речник. „Треба да имаме достапност до ресурсите на Институтот за македонски јазик, каде се работи толковникот, зашто не е веќе возможно да се носат 4-5 томови од книги со 20 килограми тежина во Европа и дијаспората, која сака да го изучува или обновува својот литературен мајчин јазик“, вели Деребеј, кој деновиве беше на промоцијата во МАНУ на „Атласот на македонски дијалекти“.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска