1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Промената на климата носи големи последици

7 април 2007
https://p.dw.com/p/AgGN

Промената на климата и покачувањето на температурата ги загрозува животните услови на милијарди луѓе. Најмногу ќе ги погоди сиромашните, се вели во досега најострогото предупредување на ОН. Најсиромашните земји би биле погодени од глад, недостаток на вода, бури и полави. Стручњаци од 130 земји го усвоија алармантниот втор извештај за климата на ОН. Канцарлаката Ангела Меркел побара меѓународната заедница брзо да реагира. Повеќе научници критикуваат, оти извештајот бил ублажен под политички притисок. Пред се САД, Кина и Саудиска Арабија се залагаа одредени делови целосно да се избришат од извештајот.