1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Промена на името не е опција

Александар Чомовски 6 ноември 2007

Македонскиот премиерот и претседателот, Груевски и Црвенковски, излегоа со единствен став – нема промена на името. Загрозена ли е НАТО перспективата на земјата и што во случај на грчко вето?

https://p.dw.com/p/C36V
Бранко ЦрвенковскиФотографија: AP

Неприфатлива е уцената Македонија да избира меѓу своето уставно име за евентуален прием во НАТО. Овој заеднички став на претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски ќе му биде соопштен на Метју Нимиц кога за десетина дена се очекува да допатува во посета на Скопје и Атина.

Нимиц со дополнителни пораки

„Потребни се мерки и постои желба кај Грција и Македонија да има добососедски односи и достоинствено да се излезе од овој долгогодишен спор,рече доцна синоќа Метју Нимиц,во директното телевизиско интервју за јавниот македонски телевизиски сервис.

Верувам дека идеите што ги дадов не навлегуваат или не одземаат нешто од интегритетот на вашата земја“,изјави посредувачот во спорот со името.

Но,овие дополнителни дипломатски пораки што Нимиц ги испрати од Њујорк преку МРТВ,не ја смируваат јавноста во Македонија.

Претседателот и премиерот на Македонија вчера попладне изгледаа загрижено за време на снимањето, пред да почнат нивните разговори зад затворени врати.Неколкуте телевизиски екипи од соседна Грција трпеливо чекаа пред главниот влез на кабинетот на претседателот на Македонија.Новинарите не дочекаа изјави,но неколку денови грчките новинари внимателно ги следат настаните во Скопје.

Како да се парира на грчкото лобирање

Отфрлувањето на идејата за промена на уставното име во меѓународната комуникација го постави македонското раководство пред дилемата како да парира на грчкото лобирање.Првата мисија ја направи министерот Милошоски во Брисел, каде што вчера претпладне се сретнал со амбасадорите на НАТО.Влезот во Алијансата не е условен со промена на уставното име и тоа не е никаков друг политички критериум,вели шефот на македонската дипломатија:

„Во тие критериуми не спаѓа билатералниот спор со името.Членството зависи од останатите критериуми за прием.“

Утре во Скопје ќе допатува американската амбасадорка во НАТО Викторија Нуланд.Од нејзината посета ќе треба да се насетуваат и шансите Македонија конечно да добие покана за членство во НАТО со очигледното спонзорство на САД.

Дестабилизацијата на регионот не е од интерес

Какви се шансите на групата А3 за стабилизирање на Балканот,одговара Трајан Гоцевски,поранешен министер за одбрана и универзитетски професор:

„Ако на некој начин дојде до одложување на приемот на овие три држави,тогаш одредени сили и структури,кои имаат порадикални ставови за состобите на Балкан и пошироко,во ЈИЕ, ќе почнат да добиваат на снага.“

Ниту д-р Благоја Марковски,аналитичар,во неодамнешното интервју за Дојче Веле не верува во евентуално грчко вето при шансите на Македонија да стане членка на НАТО:

„Основно е во надворешната политика да се разговара и да се создаваат добрососедски односи.“

Можното вето од Грција македонскиот врв го доживува како извесност,индиректно го признава и премиерот Никола Груевски.

Шефот на државата пред еден месец сепак изјави:

„Тоа би значело дека Република Грција директно ја крши Привремената спогодба меѓу двете земји,дури би рекол,дека целосно ја става вон сила.Тоа би значело дека престануваат сите обврски од таа спогодба за Република Макеоднија“,рече Црвенковски.

Во денешната колумна во Дневник,екс министерот за надворешни работи Љубомир Фрчковски сугерира макеоднскиот парламент да донесе декларација за поддршка на уставното име на земјата. Пред да стане премиер,во улога на лидер на ВМРО ДПМНЕ,Никола Груевски бараше во Македонија да се распише референдум за одбрана на уставното име во преговорите со Грција.