1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Промена на командата на Косово

Бахри Цани / Елизабета Милошевска Фиданоска7 септември 2012

Новоизбраниот командант на КФОР Фолкер Халбауер денеска (07.09) во Приштина ја презема должноста од досегашниот комaндант Ерхард Древс.

https://p.dw.com/p/164of
Фотографија: dapd

Германскиот генералмајор Ерхард Древс по една година мината на чело на КФОР, извлекува позитивен биланс, или барем таков впечаток остави на последната прес-конференција во Приштина. Сите гранични премини се проодни. Останати се само барикадите на главниот мост преку Ибар во Митровица. „Нашата клучна задача - да обезбедиме слобода на движење, е остварена. Горд сум и сакам да им заблагодарам на сите војници на КФОР за овој успех“, рече 59-годишниот Древс.

До неодамна Древс звучеше поинаку. Тој на почетокот на август беше резигниран поради српските барикади во Митровица. На крајот на јули генералмајорот се жалеше дека безбедносната состојба на Косово „воопшто не е стабилна“ и дека „и мали инциденти можат да предизвикаат широки судири“.

Pressekonferenz in Pristina, Kosovo mit General Erhrad Drews
Ерхард Древс извлече позитивен билансФотографија: DW

Критичарите, и Албанци и Срби, извлекуваат негативен биланс. Под команда на Древс, како што се вели, дојде до многу уназадувања. Поради тензичната состојба, Германија и Австрија испратија таканаречени Операционални резервни сили, односно 700 војници за интервенција. НАТО смета дека и натаму има „можен потенцијал за влошување на состојбата“.

Приштина посакува поголема поддршка

Косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи е разочаран поради тоа што војниците на КФОР не се доволно ефикасни. Сепак, соработката на безбедносните сили на Косово и КФОР е и натаму многу добра. „КФОР беше и останува една од најугледните институции на Косово. Тие си ја вршат работата, вели Реџепи. Тој посакува поголема поддршка на КФОР за ЕУЛЕКС и за косовската полиција, пред се‘ кога стаува збор за апсење и изведување пред суд на криминалците на северот на Косово. „Овие структури стојат зад насилството кое избива одвреме-навреме. Тие и сега можат да предизвикаат тензии на северот на Косово, но не во цело Косово“, вели министерот.

Kosovo Deutschland Bundestag entscheidet über Kosovo-Einsatz
Критики на сметка на КФОР има и од страна на Албанците и од страна на СрбитеФотографија: dapd

Србите на северот ги избегнуваат официјалните гранични премини кон Србија и користат „алтернативни патишта“. И покрај многуте обиди, војниците на КФОР не успеаја да ги затворат илегалните гранични премини. Истовремено, и Србите на северот на Косово ги обвинуваат меѓународните трупи дека се неуспешни и дека премногу ги поддржуваат институциите во Приштина.

Пред голем предизвик

Новиот командант на КФОР, 56-годишниот генералмајor Фолкер Халбауер, кој денеска ја презема должноста, е шести командант Германец на Косово од 1999. година. Тој уште на почетокот ќе има потешка задача од неговиот претходник. На 10 септември, имено, официјално се укинува таканаречената „надгледувана независност“ на Косово.