1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пронајдени црните кутии

17 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BgkU

Пронајдени се двете црни кутии од авионската несреќа на тајландскиот остров Пукет. Тие треба да ја разјаснат причината за падот на авионот во кој бројот на жртвите се зголеми на 91. Меѓу загинатите, покрај големиот број странци се и двајцата пилоти. Авионот со 130 патници се урна вчера на аероромот во Пукет каде имаше невреме со дожд и силен ветер. При слетувањето се лизна од патеката и се подели на два дела, по што изби пожар.