1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Простување од поп легендата Витни Хјустон

Zana Aceska19 февруари 2012

Со трогателна комеморација семејството и пријателите се простија од поп легендата во Њуворк кај Њујорк, родниот град на Витни Хјустон.

https://p.dw.com/p/145eK
Фотографија: dapd

На сребрениот ковчег-никаква фотографија. Непотребно за ужалените, собрани да се потсетат на нејзиниот живот.

„Витни, ти си единствената која можеше овде сите да не‘ собереш. Витни, денеска е твој ден“, рече свештеникот Џо Картер.

Trauerfeier von Whitney Houston
Фотографија: dapd

1500 присутни дојдоа во Баптистичката црква во њујоршкото предградие. Овде Витни како тинејџер ги имаше првите музички настапи.

Алиша Кис пееше за својот музички идол. Актерот Кевин Костнер се потсети на заедничката соработка во филмот „Телохранител“.

Trauerfeier von Whitney Houston
Фотографија: dapd

„Витни беше измачувана од несигурност. Не беше свесна за својата харизма и за својот глас. Да можеше да ме чуеш-ти не беше добра, ти беше величенствена“.

Стиви Вондер му се заблагодари на Бога што имаше можност да биде современик на Витни. Во својата фантазија, тој на некој начин бил вљубен во неа.

Trauerfeier von Whitney Houston
Фотографија: dapd

Пред точно една недела пејачката беше пронајдена мртва во хотелска соба на Беверли хилс. Се‘ уште не се знае од што почина 48-годишната поп ѕвезда. Таа долги години се бореше со зависноста од дрога и алкохол. Нејзиниот последен дом-гробиштата недалеку од црквата-покрај нејзиниот татко.

Автор: Грејс Пениц/ Ж.Ацеска

Редактор Симе Недевски